Home Вебкафе Кинески смартфон One plus 5T – унапреден ѕвер по иста цена (видео)

Кинески смартфон One plus 5T – унапреден ѕвер по иста цена (видео)

One Plus 5T е нов паметен уред на кинеска компанија. Официјално е претсавен на саемот за технологија во Нујорк. За овој уред може да се кажи дека не е во потполност нов, туку претставува унапредена верзија на претходниот модел One Plus 5.

Со претставувањето на новата генерација на One Plus смартфоните, компанијата ќе престане да го продава претходниот модел т.е One Plus 5 кој на пазарот се појави пред само 6 месеци. Ова не е многу изненадувачки, ако се земе во обзир фактот дека кинезите истото го направија и со претходниот модел One Plus 3.

Новини кај овој „ѕвер“ од телефон се тоа што има поголем екран од неговиот претходник, како и подобрен дизајн на уредот. Овој смартфон има двојна камера која располага со 16 мегапиксели и стабилизатор на слика.

Добра вест е тоа што овој смартфон ќе се продава по иста цена како и претходниот модел и покрај редизајнот и подобрувањата. One Plus 5T поседува 64 GB интерна меморија како и 6 GB RAM.

Уредот до 21 ноември ќе биде достапен во малопродажба низ САД, Велика Британија и Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…