Home Актуелно По налог на судот, разузнавачот Александар Диневски вратен во затвор

По налог на судот, разузнавачот Александар Диневски вратен во затвор

Денеска Александар Диневски по налог на судот е вратен на издржување на казна затвор во КПУ Идризово од 3 години и 6 месеци. Тој е осуден за злосторничко здружување и шпионажа.

Диневски е еден од обвинетите во случајот „Шпион“, а неколку месеци беше на слобода, чекајќи ја одлуката на Апелацискиот суд, кој делумно ја потврди првостепената пресуда. Казните беа само намалени за неколку месеци.

Здравствената состојба на Диневски беше нарушена и влошена и по излегувањето од затвор каде што делумно веќе ја издржа казната затвор.

Информациите за враќањето на Диневски во затвор ги потврди и МВР.

Случајот „Шпион“ е еден од случаите за кој реформаторите на правосудниот систем во Македонија предлагаат измени во законот за можно повторно судење за случаи во кои политиката била и повеќе од дозволеното замешана.

Диневски е поранешен разузнувач, вработен во МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…