Home Спорт Немири после дербито во Рио: Еден мртов, двајца ранети! (видео)

Немири после дербито во Рио: Еден мртов, двајца ранети! (видео)

Натпреварот помеѓу градските ривали Васко де Гама и Фламенго, во кој славеа гостите со 1:0, за жал остана во сенка на големите немири кои ги иницираа навивачите на домашниот тим веднаш после мечот.

Силните полициски сили кои беа распоредени внатре во стадионот мораа да реагираат и да ги спречат фановите да влезат во стадионот, па поради тоа пукаа од огнено оружје и усмртија еден, а ранија двајца навивачи.

Неименуван 27-годишен навивач на Васко им подлегна на повредите во болница, додека другите двајца се надвор од животна опасност.

На излезот од стадионот навивачите на Васко и полицијата ја продолжиле „војната“…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…