Home Спорт Нов рекорд во Премиер лигата: Моментално тој е најскапиот чувар на мрежата на Островот

Нов рекорд во Премиер лигата: Моментално тој е најскапиот чувар на мрежата на Островот

Премиерлигашот Евертон во името на Џордан Пикфорд пронајде долгорочно решение на голманската позиција. За овој голман Евертон на Сандерленд му плати 25 милиони фунти (28 милиони евра).

Пикфорд е најталентираниот англиски голман, а во изминатата сезона во која Сандерленд испадна од Премиер лигата, беше едно од ретките „светли точки“ во вој тим.

Евертон со голманот потпиша петгодишен договор и тој е првото засилување за тимот на Роналд Куман во пресрет на новата сезона.

Следното засилување за Евертон би требало да биде напаѓачот Мбаје Нијанг кој е играч на Милан, но минатата сезона ја мина во Вотфорд. За Нијанг „карамелите“ понудила 18 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…