Home Шоубизнис Португалски SIC тврди: Кристиано Роналдо доби близнаци

Португалски SIC тврди: Кристиано Роналдо доби близнаци

Португалскиот ТВ канал SIC објави вест дека фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо доби близнаци, момче и девојче.

Матео и Ева се имињата на близнаците кои Роналдо ги доби од сурогат мајка. Тоа е тајна која Кристиано уште не ја споделил со светот, пренесува португалскиот медиум.

Децата, како што пренесува SIC, се родиле минатиот четврток.

Фудбалерот на Реал Мадрид и неговите претставници за медиумите не ги коментираа овие наводи, а британски The Sun во март пишуваше дека Роналдо ќе стане татко на близнаци кои ќе му ги роди сурогат мајка на западот од САД.

Тој веќе го има шестгодишниот син Кристиано Роналдо Јуниор. Неговото раѓање беше објавено во јули, 2010 година, преку официјалните профили на фудбалерот на социјалните мрежи.

32-годишниот фудбалер е во врска со шпанскиот модел Георгина Родригез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…