Актуелно

Искршени и ограбени возила во комплексот „Гранд Престиж“

Зесега група од непознат број сторители во подземните гаржи во станбениот комплекс „Гранд Престиж“ изминатава ноќ обиле повеќе од десет возила, а интересно е што крадците се определиле за поситни предмети, односно она што можеле брзо и лесно да се одземат, при тоа оставајќи значителна матерајална штета, пренесува „Нетпрес“.

Обивањето се случило најверојатно во раните утрински часови, бидејќи според сведочењето на еден од оштетените, тој своето возило го паркирал во гаражата околу 1,30 часот по полноќ кога не забелажал никакви знаци на насилство на автомобилите паркирани веднаш до неговиот.

„Нетпрес“ пренесува дека се оштетени најмалку петнаесеттина приватни автомобили. Сите се обиени на идентитечен начин со обивање на ветробранското стакло, по што видливи се траги од пребарување во внатрешноста на возилата.

Сопствениците на автомобилите, меѓу кои не биле поштедени ниту полускузните модели ниту поевтините, изјавија дека претежно недостигаат поситни предмети и уреди како очила за сонце, помали суми пари кои ги оставиле во касетите од своите возила и други помали предмети.

Разбирливо, засега скопската полиција нема официјални податоци, ниту процена на штетата, а увидната екипа се уште е на теренот.

Како што пренесува „Нетпрес“, последниов месец дена сличен обид за провала во подземни гаражи се сличул и во скопската населба Капиштец. Во населбата Кисела Вода, пак, пред неколку седмици обиени се десетици подруми и гаражи во еден блок, но интересно е што жителите не пријавиле дека нешто им недостига, односно изјавија дека се обиени само влезните врати од просториите.

Advertisements
To Top