Home Вебкафе Вознемирувачки: Пијан маж жестоко ги претепа болничарките на болница (видео)

Вознемирувачки: Пијан маж жестоко ги претепа болничарките на болница (видео)

Пијан пациент тешко ги претепа болничарките во болницата во Голем Новогород, Русија.

Инцидентот го предизвика пијаниот 38-годишен маж кој дојде во болницата со расеченица на лицето после тепачка во едно локално кафуле. Камерата од чекалната во болницата го сними инцидентот во кој пијаниот маж, откако се разбесна, почна со боксови да ги тепа двете медицински сестри кои се здобија со тешки повреди.

Едната од нив заврши со потрес на мозокот на одделот за неврохирургија, додека другата на максилофацијална хирургија, каде беше констатирана скршеница на коска на лицето.

Пијаниот разбеснет маж повредил и еден работник од обезбедувањето на болницата, а подоцна се судри и со претставниците на полицијата кои го уапсија и сместија во притвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…