Home Спорт Кралот недостижен за останатите: Лазаров најдобар стелец на СП!

Кралот недостижен за останатите: Лазаров најдобар стелец на СП!

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е најдобриот стрелец на СП во Франција. Со 50 постигнати погодоци на шест натпревари, Лазаров беше недостижен за другите ракометари, кои дел од нив одиграа и по три натпревари повеќе.

Ова е трет пат Кире Лазаров на биде најдобар стрелец на светските и европските првенства, што само го оправдува неговиот статус за најдобар десен бек во светот.

Првото признание беше во Хрватска на СП 2009, кога постави нов рекорд со 92 погодоци од девет натпревари. Второто признание беше три годони подоцна на ЕП 2012 во Србија, кога стана рекордер со 61 постигнат гол.

Статистики кои зборат за големината на нашиот капитен, кој продолжува да соборува рекорди на клупско и репрезентативно ниво.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…