778 километри поминати со едно полнење – нов светски рекорд постигнат со Hundai Nexo


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пасионираниот авантурист и љубител на модерната технологија и вселенските откритија, Бертранд Пикард, направи подвиг со кој постави нов светски рекорд во изминати километри со автомобил со едно полнење на резервоарот.

Пикард тоа го постигна со еден од ретките автомобили на водород, што сериски се произведува, Hundai Nexo.

Тој се возеше низ цела Франција без да го дополнува резервоарот цели 778 км, па дури и тогаш дисплејот во возилото покажа дополнителен опсег од 49 км.

Но, кога пристна во Ле Бургет пред Музејот посветен на воздушната индустрија, тој знаеше дека го достигна светскиот рекорд.

За да го промовира таквиот алтернативен погон, Пикард правеше сопствени тури и се возеше во друштво на бројни познати личности, од француски министри до војводата од Луксембург Хенри и принцот Алберт.