500 милиони долари казна за Apple – еве ја причината за тоа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американското министерство за финансии му изрече казна на технолошки гигант Apple кој треба да плати речиси половина милијарди долари пенали поради обвиненијата дека склучил договор со словенечката софтверска компанија АТР.СИС.д.о.о., која беше снакционирана поради обвиненија за трговија со наркотици.

Apple ги прекршил американските санкции така што хостувал, продавал и олеснувал пренос на софтверски апликации на словенечката компанија, која била на црната листа.

„Во 2017 година откривме дека непромислено сме плаќале на компанија која е на црната листа“, изјавил портпаролот на Apple.

Apple наводно во 2008 година склучил договор за развој на апликација со компанијата СИС д.о.о., програмерска компанија со седиште во Словенија.

Во февруари 2015 година, Министерството за финансии на САД ја ставило компанијата на црната листа, а нејзиниот мнозински сопственик Саво Стјепановиќ, наводно бил дел од меѓународна мрежа за трговија со дрога. Поради тоа, имототот на СИС и на Стјепановиќ биле блокирани, а на американските поединци и фирми им било забрането да соработуваат со нив. Во мај 2017 година компанијата и Стјепановиќ биле тргнати од црната листа.