Вознемирувачка алатка која ја тестира Фејсбук ја разбранува јавноста


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Критиките упатени на адреса на Фејсбук, кога станува збор за загрозување на приватноста на корисниците, не стивнуваат. Овој пат технолошкиот гигант се најде на удар на критики од вознемирерната јавност поради апликација за препознавање лица што ја тестираше на своите вработени.

Според Business Insider, апликацијата користи непосредно препознавање на лицето што ја идентификува личноста веднаш штом ја насочите камерата на мобилниот кон него.

Тие наведуваат дека апликацијата е креирана уште во 2015 или 2016 година, а нивниот извор наведува дека една верзија на апликацијата е во можност дури веднаш да го пронајдат профилот на Фејсбук на лицето кон кое е насочена камерата. Сè што ова лице го објавило на Фејсбук е достапно за еден момент.

Од Фејсбук потврдија дека развиле таква апликација, но негираат дека е во состојба да ги идентификува корисниците.

„Со цел да научиме за новите технологии, нашите тимови редовно развиваат апликации што ги користиме внатре во компанијата. Оваа апликација беше достапна само за нашите вработени и може да ги идентификува само нив и нивните пријатели кои ја имаат функцијата за препознавање на лица”, се вели во нивната изјава за CNET.

Претходно овој месец, корисниците на iPhone на социјалните медиуми предупредуваа на грешка што ја забележале на нивната апликација за мобилни телефони на Facebook. Поточно, на некои од нив автоматски им се вклучувала камерата кога пристапувале до апликацијата Фејсбук.