475.000 жители во Македонија имаат помалку од 126 денари на ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финанскиско-економската криза која ја предизвика пандемијата од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство, велат статистичките податоци од истражувањето што го направи Институтот за економски анализи и истражувања „Фајненс тинк“ за тоа колку пандемијата ја зголеми сиромаштијата во Македонија, пренесува Слободен Печат.

Според нивните анализи најпогодени ќе бидат луѓето што имат помалку од 126 денари на ден. Овие луѓе припаѓаат во групата на „апсолутна сиромаштија“ според меѓународни мерила. Пред ковид кризата, според проценките на „Фајненс тинк“ во оваа група биле 18,5 отсто од населението , или околу 375.000 граѓани, а поради последиците од здравствената криза, и со презмените мерки, во оваа група сега живеат 23,6 процети од целото население, или околу 475.000 граѓани, што е 100.000 граѓани повеќе во однос на периодот пред ковидот.

Во екстремната сиромаштија пак, влегуваат луѓето кои имат до 44 денари на ден. Пред ковид кризта, нивното процентуално учество во вкупниот број на население било 4,7 проценти, но по ковид кризата со социјалните мерки, овој процент може да се намали на 3,3 проценти. Односно, пред ковид кризта со помалку од 44 денари на ден живееле околу 95.000 жители.

Петрески објаснува дека според меѓународните критериуми, во апсолутна сиромаштија влегуват сите оние кои се со помалку од 5,5 долари на ден, но сведено на таканаречениот паритет на куповната сила. Поради пониските цени во нашата земја, она што може да се купи со 5,5 долари во Америка, пресметано е дека може да се купи со 126 денари во Македонија и затоа апсолутно сиромашни се сметаат сите оние што имат помалку од 126 денари дневно. Екстремно сиромашни во Америка се оние со помалку од 1,9 долари дневно, но според паритетот на куповната сила, кај нас се оние што дневно имаат до 44 денари за трошење.