Приведен Ристо Новачевски, кум на бившиот премиер Никола Груевски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.

Од Кривичниот суд информираат дека ќе испратат соопштение по завршувањето на процедурата пред судијата на претходна постапка.

Новачевски и уште неколкумина се осомничени за сторено кривично дело перење пари, со кои купиле плацови на Водно. Новачевски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка и за него, како што јави СДК, обвинител ќе бара мерки на претпазливост, како и заплена на нелегално стекнатиот имот.

Обвинителството, покрај Новачевски, за перење пари ги сомничи и експремиерот Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Камчев, Мијалков и Јосифовиќ се осомничени и во „Империја“.