10 факти кои покажуваат дека Џенифер Лопез е арогантна и вообразена дива


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ретко која музичка ѕвезда толку долго била во врвот на музичката индустрија и западниот шоубизнис, истовремено освојувајќи го и светот, без притоа да има било каков пад и криза во кариерата, како што тоа успеа да го направи и одржи 49-годишната Џенифер Лопез.

А таа слава, популарност и планетарен успех со себе си повлекуваат и промена на карактерот. Пејачката има посебни барања за зад сцената кога настапува, за хотелските соби во кои престојува и одбива да пешачи дури и на кратки дистанци.

Иако сите ја сакаат, сепак постојат лимити, а ова се некои од работите кои докажуваат дека таа, сепак, е само уште една вообразена дива.

1.„Излудува“ ако во хотелските соби не ја чекаат мирисливи свеќи со мирис на лимон и грејпфрут.

2.„Џени од блокот“ сепак не може да пешачи ниту три блока и бара 7 лимузини да ја следат до ресторан на 200 метри.

3.Собарка од хотел во Германија побарала автограм од нејзината асистентка, а следниот ден добила отказ бидејќи Џеј Ло наводно се жалела.

4.Носи дијамантски слушалки од 5.000 долари за да не ја слуша вревата додека се вози во нејзиниот брод.

5.Таа ги игнорира вработените во нејзиниот приватен авион и им се обраќа исклучиво преку нејзиниот личен асистент, без воопшто ниту да ги погледне.

„Ја прашав што ќе се напие, а Џен ја сврте главата и се обрати на нејзиниот асистент велејќи – Те молам кажи му дека сакам диетална Coca Cola и лимета. А, изгледаше толку фино во филмовите“ – изјавил еден од стјуардите.

6.Настапите на помал приватен настан или во клуб чинат околу 1.2 милиони долари, но ако сакате Џеј Ло да ви пее на свадба, треба да платите околу 5 милиони долари, според информациите од една руска свадба.

7. Иако е израсната во Бронкс во сиромашни услови и зборува за тоа колку е поврзана со нејзините корени, сепак во 2011, кога требало да сними реклама за Fiat, одбила да снима во Бронкс и за тие сцени се користел дублер.

8.Барањата на Џеј Ло за појадок во кревет вклучуваат – кајгана, сланина, палачинки, бело тост лепче, компири и едно многу специфично барање – храната мора да биде топла, без разлика кога таа ќе ја јаде.

9. Затвара цели бутици на неколку часа, за таа да може на раат сама да разгледува, пробува и купува дизајнерски парчиња.

10.Медиумите тврдат дека бидејќи таа го обожава телото на Алекс Родригез, бара гаранција дека тој нема да се запушти во бракот – сте слушнале ли за толку арогантен брачен услов?