Home Живот и здравје Овие три намирници подобро ќе ве расонат и освежат наутро од утринско кафе

Овие три намирници подобро ќе ве расонат и освежат наутро од утринско кафе

Сите кои сакаат побрзо и поефикасно да се расонат и освежат наутро, веднаш посегнуваат по кафето како задолжителен утрински напиток.

Сепак, ако сакате да се разбудите свежи и расположени, експертите порачуваат дека кафето не е најдобрата идеја бидејќи тоа носи многу проблеми во текот на денот, поврзани со поспаноста, болка во стомакот и желудникот и поуденост. За убаво утро и уште поубав ден, потребни ви се само овие состојки.

Овесна каша

Таа е меѓу најдобрите намирници кои можете да ги изедете наутро. Дава енергија благодарение на нискиот глихемиски индекс и ви дава гориво за целиот ден. Јаглените хидрати во овесната каша брзо согоруваат што помага да останете будни и енергични во текот на целиот ден, а не само 1-2 часа како кафето.

Вода

Напијте се вода веднаш штом се пробудите, на празен желудник. Често дури и благата дехидрација може да го замагли вашиот ум и да го спречи неговото нормално функционирање. Во текот на денот, доколку се чувствувате поспани таа е подобра за енергија, за разлика од кафето. Чувајте шише вода покрај себе во текот на целиот ден.

Јаболков оцет

Не постои научно објаснување за силата на јаболковиот оцет, но тој е една од најмоќните здрави состојки. Делува одлично на енергијата и доброто расположение, а и на целото здравје. Само внимавајте да не претерате бидејќи може да го иритира грлото и системот за варење. Можете да додадете малку мед во него и млака вода.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со вашето тело кога ќе започнете да консумирате хималајска сол

Што се случува со вашето тело кога ќе почнете да консумирате хималајска сол Розевата химал…