Зошто човечките женски гради се толку големи?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градите доаѓаат во различни форми и големини, но едно им е заедничко – специфични се за луѓето.

Повеќе од 5.000 цицачи се дел од сеопфатното население на планетата Земја, но хомосапиенсот е единствен вид со трајни гради, пишува Business Insider. За оваа човечка аномалија некои велат дека е секси, но таа отвора голем број прашања, меѓу кои и: Зошто човечките гради се толку големи? Дали се тие еволуциска грешка?

Другите цицачи развиваат привремени гради за време на овулацијата или кога дојат, односно нивната цел е да создаваат млеко. Но, кога ќе снемаат млеко, градите исчезнуваат, што не е случај кај жените, чии гради се развиваат во пубертетот, а не за време на бременоста.

Во еден момент од текот на еволуцијата нешто се променило. Постојат повеќе теории за тоа, а една од попопуларните ја нуди Чарлс Дарвин, а подоцна ја истражуваше зоологот Дезмонд Морис во својата книга The Naked Ape од 1967 година.

Во неа, Морис сугерира дека еднаш кога нашите претци почнале да одат исправени, сексуалните органи не биле веќе толку воочливи. Поради тоа, мажите не знаеле кога жената е сексуално зрела, а градите кај жените можеби настанале како резултат на тоа. Таа теорија би објаснила зошто градите набрекнуваат за време на пубертетот,но уште не може да објасни зошто остануваат и после менопаузата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gravurescrapbooking on

Најголемата разлика во однос на градите од другите цицачи е тоа што човечките содржат многу повеќе масно ткиво кое ги исполнува и оформува. Нешто како трајно млеко.

Човечките гради можат да бидат толку големи, до мера да предизвикуваат болки во грбот, поради што многу жени се одлучуваат за смалување на истите. Повеќе од 61.000 жени ги намалиле градоте во 2016 година и тоа само во САД.

Но, градите можат да бидат и смртоносни. Од рак на дојките секоја година заболуваат околу 1,5 милиони жени, а од оваа болест само во 2015 година починале 570.000 лица. Сепак, научниците сметаат дека ракот на дојките не е често заболување кај другите примати. Тоа би можело да биде поврзано со стареењето, со оглед на тоа дека другите примати не живеат доволно долго за да им се развие рак на дојките, но може да биде поврзано и со ткивото кое градите кај луѓето ги прави трајни.

Како и да е, сосема е сигурно дека градите си го најдоа своето место во човечката култура и општество, а што, зошто и како точно се случило, уште некое време ќе остане обвиено под превезот на мистеријата.