Home Актуелно „Жолтите елеци“ повикуваат сите граѓани да ги подигнат сите пари од банките

„Жолтите елеци“ повикуваат сите граѓани да ги подигнат сите пари од банките

Активистите од движењето „Жолти елеци“ ги повикаа сите граѓани на Франција да ги подигнат сите пари од банките и да ги испразнат своите банкарски сметки, што е нов метод во нивната двомесечна борба и конфронтација со француската влада.

Во очи деветтиот по ред викенд протести без прекин ширум Франција, припадниците на „Жолтите елеци“ преку социјалните мрежи ги повикаа сите граѓани на Франција на масовно повлекување на финансиските средства од банките.

Демонстрантите се надеваат дека со тој потег ќе го принудат претседателот на Франција, Емануел Макрон, да ги прифати сите нивни барања, пред сè можноста на граѓаните директно да предлагаат нови закони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Крајот на Оук Стрит: Новиот филм на Ен Хатауеј и Јуан Мекгрегор веќе мириса на голем хит

“`html Ако мислите дека најголемата проблематика во соседството е гласната косилка в…