Апелација пресуди: Нема амнестија за Ќосето, Нинџа, Кољо и уште двајца други


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со одлука на Апелациониот суд во Скопје се стави точка на можноста за амнестирање на петмината обвинети за „крвавиот собраниски четврток“ – Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Оливер Поповски и Горанче Ангеловски – Ќосето. Тие упатија жалба до Апелација на одлуката на Кривичниот суд кој не ги амнестираше според законот донесен на крајот од минатата година..

Апелациониот суд не одлучи за жалбата на собранискиот обезбедувач, Горан Ѓошевски – Леви.. Предметот е вратен во кривичниот суд заради технички недостатоци.. Тие вчера пред судиите ги предочи одбраната на Леви.. Во образложението на одлуката, наместо името на Ѓошевски, стоело на обвинетиот Абдулфета Алими кој исто така не доби амнестија..

На денешните јавни седници, одбраната на Василевски-Нинџа и Ангеловски – Ќосето имаше низа забелешки на одлуката на Кривичниот суд.. Велат дека во своите образложенија судот наведувал различни дејствија на обвинетите од оние кои ги содржело обвинението.. Сметаат и дека кривичен немал надлежност да одлучува за амнестијата..

Законот за амнестија не опфати 13-мина обвинети за собраниските настани.. Обвинителството имаше негативни мислења а таква одлука донесе и Кривичниот суд..

Инаку судењето за „27 април“ продолжува идната недела со завршни зборови.. По примената на законот за амнестија, на обвинителна клупа останаа 18-мина.. Пет од нив воопшто не побараа амнестија..