Home Спорт „Животот дома ми е загрозен“: Атлетичарката Циманускаја не сака да се врати во Белорусија – бара азил во Јапонија

„Животот дома ми е загрозен“: Атлетичарката Циманускаја не сака да се врати во Белорусија – бара азил во Јапонија

Атлетичарката Кристина Циманускаја која учествува на Олимпијадата во Токио изјави дека нејзиниот живот бил загрозен во Белорусија и ќе побара азил во австриската или германската амбасада во Токио.

Имено, 24-годишната спортистка го критикуваше раководството на атлетскиот тим, а потоа ги обвини претставниците на белорускиот олимписки комитет дека сакаат да ја вратат во својата татковина.

Таа изјави, дека била наведена во трката 4×400 метри, иако досега никогаш не учествувала во таа дисциплина.

„Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Под притисок сум и тие сакаат со сила да ме вратат во Белорусија, иако јас не се согласив на тоа“, изјави Циманускаја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…