Филм / ТВ

Жестоката и непокорна екипа пак во акција: Прв трејлер за Fast and Furious 8

После Fast and Furious 7 од 2015, еден од филмовите кој најбрзо во историјата заработиле милијарда долари на светските кино благајни и шести по ред најголем светски филмски хит на сите времиња, стигнува неговото продолжение со најновото поглавје од една од најпопуларните и најдолготрајни играни филмски франшизи на сите времиња – Fast and Furious 8.

Сега, кога Дом и Лети се на меден месец, Брајан и Миа се повлекуваат од играта, а остатокот од екипата е ослободен од сите обвиненија, па тимот кој вечно патуваше по светот почнува да води нешто налик на нормален живот.

Но, кога една мистериозна жена (оскаровката Шарлиз Терон) ќе го заведе Дом во светот на криминалот од кој изгледа дека не може да побегне и кога тој ќе ги предаде оние нему што му се најблиски, екипата повторно се соочува со најтешкиот предизвик кој ќе ги доведе пред тест каков што немале претходно.

Од бреговите на Куба и улиците од Њујорк, преку ледената рамница кај Баренцовото море, елитната единица ќе го претера цел свет за да го спречи анархистот да иницира хаос на светска свена, и да го врати дома човекот кој од нив направи семејство.

На Вин Дизел во филмот му се придружуваат Двејн Џонсон, Џејсон Статам, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон, Крис „Лудакрис“ Бриџис, Натали Емануел, Елза Патаки, Курт Расел, а во серијалот за прв пат се појавуваат и Скот Иствуд и оскаровката Хелен Мирен.

To Top