Тод Крисли сподели детали од своето минато во Јужна Калифорнија во гостувањето во подкастот „Dumb Blonde“, во четвртокот, на 29 октомври.
„На 18 години работев како ескорт во Лос Анџелес. Ја напуштив Јужна Каролина на 17 години. За тоа пишувам во книгата што наскоро ќе излезе“, изјави 57-годишниот Крисли.
Тој се присети на една вечер во 1986 година, кога како келнер добил бакшиш од 800 долари. На крајот од вечерта му пришол возач на лимузина со необично барање.
„Ми рече: ‘Госпоѓата сака да разговара со вас. Вели дека вие сте ги послужувале вечерва’. Пријдов, таа го спушти прозорецот и ми рече: ‘Одлична услуга вечерва’“, раскажа Крисли.
Жената му понудила превоз до дома, но, како што откри тој, вечерта добила поинаков тек.
„Не ме однесе дома“, продолжи водителот на подкастот „Chrisley Confessions“, раскажувајќи ја случката покрај сопругата, Џули Крисли. „Да речеме само дека многу брзо завршивме во интимна средба. Покривниот прозорец беше отворен, а јас имав секс со таа жена додека се возевме низ Лос Анџелес. Таа имаше 38 години.“
Тод продолжил да се гледа со жената, чиј идентитет не го откри, но вели дека бил „скршен“ кога дознал дека е мажена.
Нивната врска завршила, а потоа почнал да се гледа со друга жена. „Бев магнет за такви ситуации“, рече тој.
Денес Тод и Џули, која има 53 години, можат да се смеат на тие приказни додека одбележуваат три децении брак. Двајцата се во брак од 1996 година и се родители на Чејс (30), Савана (29) и Грејсон (20). Двојката законски ја посвои и својата биолошка внука Клои (14).
„Луѓе, ние сме во брак 33.000 години“, се пошегува Тод во мајско издание на подкастот „Chrisley Confessions“, пред да ја нарече венчавката со Џули „најубавиот ден“ во својот живот.
„Навистина сум благословен што те имам покрај себе 30 години. Те сакам со сето срце и се надевам дека во следните 30 ќе сфатиш колку среќа си имала“, ѝ порача тој.
„Верувај ми, знам“, му одговори Џули.
Извор: US Weekly