Home Актуелно Згасна животот на актерот Ванчо Петрушевски!

Згасна животот на актерот Ванчо Петрушевски!

Денес на 67-годишна возраст, почина македонскиот актер Ванчо Петрушевски. Од МВР за Макфакс велат дека денеска добиле повик од Итна медицинска помош за смрт кај лице во Орешани. Засега нема информации како починал актерот.

„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме“, напиша Сашо Тасевски на Фејсбук.

Според се уште непотврдени информации Петрушевски најверојатно починал од струен удар.

Ванчо Петрушевски (67) веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии и слично. Добтник е на голем број награди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…