„Зелената божица“ од Елизабет Тејлор оди на продажба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот зелен модел на Ролс Ројс од кој легендарната холивудска актерска ѕвезда Елизабет Тејлор со години буквално не се делеше оди на продажба и се предвидува да достигне вртоглаво висока цена.

Холивудската ѕвезда Елизабет Тејлор интензивно го користеше својот зелен Ролс Ројс од 1959 , па се до средината на ’70-тите години на минатиот век. Познат како „Зелена божица”, овој автомобил до денес е зачуван во беспрекорна состојба. Автомобилот следниот месец ќе биде понуден на аукција. Станува збор за моделот Silver Cloud II од 1960 година со поминати само 64.000 километри.

Овие автомобили имаат висока цена и се продаваат во просек за околу 700.000 долари, но поради славната историја на зелениот Ролс на Елизабет тејлор, тој може да достигне цена и од 10 милиони долари.

Освен тоа, овој моделе продаден само во 20 примероци. Од аукциската куќа Guernsey’s Auction велат дека ако Елвис Присли купувал по еден автомобил секој ден, Елизабет Тејлор го купила овој и се возела со него повеќе од 20 години, така што „Зелената божица“ бил асоцијација за славната актерка.

Таа во 1959 го нарачала автомобилот веднаш по венчавката со пејачот Еди Фишер, а и бил испорачан една година подоцна во хотелот во кој живееле. Зелената боја ја избрала поради бојата на венчаницата на свадбата со Фишер.

Од Ролс Ројс направиле и посебен подарок за Тејлор, па ја обложиле и внатрешноста со нејзината омилена нијанса на зелената боја.

Во 70-тите години таа му го продала автомобилот на еден свој обожавател од Калифорнија, кој до денеска го зачувал автомобилот во перфектна состојба.