Јувентус спрема уште две трансфер „бомби“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и веќе донесе четири нови засилувања, но не мисли да застане.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ подготвува уште два големи трансфери, а станува збор за Мауро Икарди од Интер и Федерико Киеза од Фиорентина.

„Кориере ди Торино“, наведува дека преговорите се во завршна фаза и дека играчите веќе имаат договор со италијанскиот шампион, па се спремни да ги одбијат сите други понуди.

Сепак, истиот извор додава дека новите засилувања нема да дојдат во Торино за мала цена, така што Јувентус ќе треба да продаде некого од своите играчи.

Наводно, на трансфер листата се наоѓаат Игуаин, Квадрадо, Кедира, Кин и Матуиди, па со продажбата на овие фудбалери Јувентус треба да ги финансира трансферите на Киеза и Икарди.