Заминувањето на најдобрата скијачка: Позираше гола, ја имитираше Шерон Стоун


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Линдзи Вон од скијачкиот свет се одјави со стил. На последната трка во професионалната скијачка кариера, најтрофејната скијачка во историјата на Светскиот куп освои бронза на спустот од Светското првенство.

Родена е во Минесота во 1984 година, а со професионално скијачко натпреварување започна на седум години. На 14 стана првата Американка која го освои италијанскиот трофеј Тополино, а крајот од нејзината кариера го одбележа со бронзен медал на зимските Олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) on

Освен тоа, со 82 победи, Линдзи го држи рекордот по број на победи на светскиот скијачки куп и бројот на кристални топки – ги има вкупно 20.

Вниманието од оние кои не се обожаватели на скијањето го привлече со нејзиниот атрактивен изглед. Редовно е вбројувана во 100. најубави жени на светот, на црвениот тепих од разни манифестации привлекува внимание со своите храбри модни комбинации, а осамна и во списанието за чии страници сонува секоја убавица – Sports Illustrated.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L I N D S E Y • V O N N (@lindseyvonn) on

Пред девет години, вниманието на светската јавност го привлече со насловната страна за ESPN, на која го имитираше ликот на Шерон Стоун од филмот „Basic Instinct“. Облечена во краток тесен фустан, ги прекрсти нозете, а мажите полудеа од тие сцени.

И нејзиниот љубовен живот не беше ништо помалку возбудлив и интересен за јавноста. Своето моминско презиме Килдау го смени кога се омажи за скијачкиот олимпиец Томас Вон, девет години постар од неа. Бракот не им опстана, но Линдзи го задржа презимето.

Пред седум години вниманието на медиумите го привлече со врската со Тајгер Вудс. Но, и таа врска пукна, официјално – поради обврски, неофицијално – поради неговиот сексуален порок.