Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од вчера, 1. септември, во американската сојузна држава Тексас стапи на сила новиот закон за оружје кој им овозможува на повеќето граѓани кои легално поседуваат огнено оружје да го носат отворено на јавни места без да добијат специјална дозвола или обука.
Контроверзниот закон, со оглед на бројот на насилство во Тексас, што беше усвоен во мај од Сенатот и Претставничкиот дом, во кој доминираат републиканците, им овозможува на сите лица над 21 година и на кои не им е забрането да поседуваат оружје да го носат јавно без дозвола, јави Си -Ен -Ен.
Според американската непрофитна организација Архива на вооружено насилство во Тексас годинава се случиле 3.200 престрелки, што е зголемување за 14 проценти во споредба со истиот период од минатата година кога беа регистрирани 2.800 вооружени инциденти. Во бројката не се вклучени самоубиствата.
Податоците покажуваат дека инцидентите на вооружено насилство оваа година забележале пораст од 50 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, кога имало 2.100 престрелки.