На возач на автобус му биле најдени и одземени 100.000 франци на граничниот премин Деве Баир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


При контрола на автобус пријавен за излез на граничниот премин Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.

На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд Во Крива Паланка, соопштија од Царината.