Home Актуелно Заев го пречека Ципрас – фрчеа „селфи“ фотки (видео)

Заев го пречека Ципрас – фрчеа „селфи“ фотки (видео)

Премиерот Зоран Заев, на платото пред Владата на Република Северна Македонија, го пречека грчкиот премиер Алексис Ципрас, во посета која многу локални, балкански, но и светски медиуми ја окарактеризираа како историска политичка средба.

Двајцата премиери беа поздравени од министрите од нашата Влада, но и десетината министри од грчката Влада со кои Ципрас пристигна.

Заев и Ципрас пред да влезат во владината зграда за да го започнат официјалниот дел од разговорите, направија и селфи со министрите од двете влади и со новинарите.

Освен средбата со Заев, по која двајцата премиери ќе одржат прес конференција, Ципрас ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

За попладне е најавено одржување бизнис форум, за што од Грција во делегаијата се и 70 тина бизнисмени од поголеми и средни грчки компании.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…