Home Актуелно Страшна сообраќајка кај патарината Тетово-Гостивар – има една жртва!

Страшна сообраќајка кај патарината Тетово-Гостивар – има една жртва!

Страшна сообраќајна несреќа се случи на автопатот Гостивар – Тетово, кога се судрија „туарег” и „мерцедес” околу седум часот изутринава.

Според првичните информации на МВР, загина 68-годишна жена од Кичевско, а неколкумина се повредени. Веќе покојната, управувала патничко моторно возило Мерцедес, а останатите четворица Туарег од околината на Дебар и патувале кон скопскиот Аеродром. Полициски екипи и истражен судија вршат увид на местото на несреќата.

Од тетовската болница за порталот „Тетова1“ откриваат дека кај нив се донесени 4 повредени лица, една жена и тројца мажи.

Според информациите на „Тетова1“ на Клиничката болница во Тетово Хоспитализирани се: Арбен Клобучишта, Мерсим Колеци, Ариф Колеци и Блериме Клобучишта.

Фото: Алсат

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…