Забеган „за сите пари“: Не стегај толку, оти никој нема да те… (видео)

Бившиот италијански премиер и докажан заводник, кој отворено коментира секакви работи поврзани со жените, поради што си навлече и гнев на голема група борци за родови права, Силвио Берлускони, во моментот кога се поздравуваше со новинарка на Би-Би-Си, ѝ дофрли дека не треба да стега толку силно кога се ракува, бидејќи никој нема да сака да ја ожени.

„Немој толку силно да се ракуваш. Во спротивно мажите ќе помислат оваа ќе ме тепа и никој нема да сака да се омажи за тебе. Дали си мажена? Ќе видиш. Биди внимателна“, ја советуваше Берлускони новинарката по завршеното интервју.

Новинарката му одговори дека силниот стисок при ракувањето е добар, на што Берлускони рече дека само се шегува.

Берлускони често имал вакви изјави во медиумите. Во 2016 година изјави дека мајка не може да биде градоначалник, критикувајќи ја Џорџија Мелони, која беше трудна и кандидат за градоначалник на Рим.

По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, Берлускони рече дека омилена работа во врска со новиот претседател му е неговата жена, а за сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон искоментира дека е згодна мама.