„Златна кобра“ – бизарна вежба за преживување која ја вежбаат војниците од САД


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американската армија за своите припадници секоја година организира сурова и по малку бизарна обука за преживување наречена „Златна кобра“.

Оваа позната обука е најголема од ваков тип во светот, а војниците покрај редовните воени вежби учат и некои специфични методи за преживување.

Инструкторите ги учат како да фатат кобра, да ѝ ја отсечат главата и да ја испијат нејзината крв директно од телото.

„Златна кобра“ прв пат е одржана во 1982 година како воен тренинг за подобрување на кооринацијата помеѓу вооружените сили на САД и Тајланд.

Оваа вежба имала за цел да ги зајакне врските меѓу САД и Тајланд. Манифестацијата сепак се проширила на 35 земји, вклучувајќи ги и Индонезија, Јапонија, Малезија, Сингапур, Јужна Кореја и останати земји од Азија.

Во 2015 година за прв пат учествуваше и Кина, но на кинеските војници им беше дозволено да учествуаат само во оние аспекти кои се однесуваа на нудењето хуманитарна помош.

Вежбите на теренот вклучуваат и различни врсти на обуки за користење оружје, додека хуманитарните акции подразбираат давање помош, евакуации и слично.