За малку ќе го поклопел оперскиот пејач со карпа тешка над 200 килограми


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На 28 јануари 2015 публиката во театарот Капитол во Тулуз немала поим дека присуствува на поголема драма од онаа содржана во операта на Вагнер, „Тристан и Изолда“. Во сцената во која Тристан само што умира, една лажна карпа полека се спушта кон него, додека Изолда во очај се самоубива.

Големиот предмет требало да застане 60 сантиметри од земјата. Но на премиерата таа вечер, декорот не запрел. Роберт Дин Смит, тенорот кој го играл Тристан, иако „мртов“ успеал да се помести во последен момент, додека машинистот да се сети да ја активира кочницата за итни случаи. Доколку ова не се случело американскиот пејач ќе се нашол под камен тежок повеќе од 200 килограми.

Откако првичниот шок слегнал, се открило дека не станува збор за обичен технички проблем: сетинзите на карпата биле намерно сменети вечерта пред претставата. Сега, шест години подоцна, судот конечно треба да изрече казна за сценскиот работник, Николас С., кој додуша немал ништо против американскиот тенор. Според досегашните наоди, мета бил колега кој исто така работел на сцената. Односите помеѓу двајцата биле нарушени подолг период, а два месеца пред настанот помеѓу нив имало и физичка пресметка.

Досега се собрани сите докази, кои укажуваат на вината на Николас. Доколку дојде до пресуда, 41-годишниот театарски работник ќе одговара за опструирање на работата на автоматизиран систем и модификација на податоците со умисла. Тој се соочува со казна од пет години затвор и 150.000 евра.