За елитите на овој остров не постојат закони: „Се однесуваат како да е нивни, а локалците покорно молчат“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Локалното население од Свети Бартоломеј со години ги трпи светските елити кои одмораат на нивниот остров, а покорно молчат за сето она кое го сведочат и се случува на нивното островско живеалиште.

Овој карипски остров стана омилена дестинација на светските елити, а разузданите богаташи се чувствуваат слободни да прават што ќе посакаат. Според мештаните, за нив едноставно законите не важат.

Свети Бартоломеј припаѓа на францускиот прекуморски департмент и е чуван од француската жандармерија. Се смета дека токму поради тоа е омилен меѓу елитите, имајќи во предвид дека го сметаат за најевропски карипски остров, а поради малиот број на капацитети за сместување, резервиран е само за најбогатите.

На Свети Бартоломеј, наводно, се случило силување заради кое „вриеја“ сите британски медиуми. Свекорот на Пипа Мидлтон, помладата сестра од војвотката Кејт Мидлтон, е обвинет за силување на малолетничка токму на овој остров, а британски Daily Mail истражуваше што локалното населени мисли за семејството Метјус и останатите богаташки елити кои доаѓаат на нивниот остров.

Дејвид Метјус го купил хотелот Eden Rock во 1995 година, со својата втора сопруга Џејн. Наскоро цело семејство се преселило на Карибите и таму престојуваа преку поголемиот дел од годината. Локалното население е многу изненадено од обвинувањата за силување, но не кријат дека британската и француската елита кои доаѓаат таму низ годините се однесуваат како законите да не важат за нив.

Некои од мештаните кои живеат во близина на хотелот Eden Rock велат дека поради претераното журкање на елитите кои отседнуваат во хотелот често биле принудувани да викаат полиција.

За случајот со силувањето на островот никој не знае ништо. Ни властите на островот, ни локалното население, ниту жителите кои го познаваат Метјус. Сепак, еден келнер тврди дека многу жители на островот знаат многу валкани работи за елитите кои престојуваат таму, но за сето тоа покорно молчат.

„Јавна тајна е дека за нив не постојат закони на овој остров, тие едноставно можат да прават што сакаат“, вели еден од островјаните.

Локалното население истакнува дека им е жал што Свети Бартоломеј станал познат како место каде одмораат богатите и славните, а малку се знае за локалните жители кои се тука цела година. Како што велат, јавноста ги забележува кога се во прашање природни катастрофи како урагани и кога токму тие повторно ги враќаат во нормална состојба карипските острови.