Како да е вештачка: Кендал во досега „најпластично“ издание


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манекенката и старлета од кланот Кардашијан/Џенер беше бомбардирана со коментари и критики од страна на нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи на една фотографија која ја сподели на тие Инстаграм.

Всушност на таа фотографија Кендал има значително пополни усни, а целото лице остава впечаток дека е пластично.

Дали станува збор за пластична операција или за некој нов филтер, сеуште не е познато, а мислењата на обожавателите се поделени.

„Порано беше преубава. Сега изгледаш чудно. Те молам застани пред да биде предоцна” е само еден од низата коментари кои ги доби младата манекенка. Од друга страна, има и такви кои се воодушевени од нејзиниот нов изглед.

Претходно таа беше критикувана од обожавателите поради акните кои беа забележани на нејзиното лице за време на доделувањето на Златните глобуси. Нормално, имаше и коментари во кои фановите ја поддржуваа во поглед на разбирање за проблемот со акните.