Конте: Сега не е време за плачење!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Челзи, Антонио Конте уште еднаш потврди дека е максимално фокусиран на Челзи и не мисли за напуштање на клубот.

Конте ја коментираше изјавата на Џанлука Виали, кој изјави дека неговиот сонародник сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната.

„Тоа не е точно, Виали е мој пријател, но не сум зборувал со него скоро една година. Тешко ми е, бидејќи оваа сезона слушам многу шпекулации за мојата иднина. Многу луѓе зборуваат за тоа. Од почетокот на сезоната слушам шпекулации. Единствената вистина е дека сум максимално фокусиран на овој клуб. Имам договор со клубот и работам за доброто на клубот“,изјави Конте.

Италијанецот потенцираше дека битката за четвртото место се уште не е завршена и покрај поразот од Тотенхем.

„Ние едноставно имаме одговорност да се бориме до крај за излез во ЛШ. Треба да покажеме гордост, желба и борбеност. Сега не е време за жалење и плачење“, заклучи Конте.