Вуди Харелсон на Вимблдон претера со алкохолот – снимките станаа хит на интернет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вимблдон и оваа година собра голем број славни фаци, а на финалето од машките парови во публиката беше и славниот холивудски актер Вуди Харелсон, кој очигледно одлично се забавуваше „уз пијачка“.

Славниот актер малку претера со пијачките на Вимблдон, а неговото однесување беше фатено од камерите кои вршеа пренос во живо.

Со оглед на тоа дека беше прилично пијан, еден од обезбедувањето го замоли Вуди да ја напушти трибината, што на актерот не му падна многу тешко и не му претставуваше голем проблем, па остана да пие на скалите. Откако се обиде да го наговори припадникот на обезбедувањето да го пушти да си седне на своето место, а тој не му дозволи, Вуди само крена рамена и отпи уште една голтка од алкохолот.

Неговите пијани реакции на тенискиот дуел станаа хит на социјалните мрежи. Во еден момент тениското топче го погоди меѓу нозе, а снимката од изразот на Вуди во тој момент брзо стана вирален хит на Твитер.

Актерот подоцна повторно доби дозвола да си седне на своето место, а откако заврши мечот, беше снимен како седи сам меѓу празните седишта и задлабочено гледа во мобилниот. Луѓето веднаш претпоставија дека ги гледал објавите на интернет за самиот него и неговото пијанство, па не му обрна внимание на крајот од натпреварот, туку остана да седи и да ги листа твитовите.