Home Шоубизнис Вучиќ во Скопје на средба со Дарко Панчев

Вучиќ во Скопје на средба со Дарко Панчев

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Скопје, на маргините на својата агенда оствари средба со еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев.

Вучиќ извести за средбата со поранешниот фудбалер на Вардар и Црвена ѕвезда на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија на својот официјален Инстаграм профил.

– Со македонската и југословенска легенда Дарко Панчев. Чест ми е што можев да се сретнам со големиот шампион, напиша Вучиќ под заедничката фотографија со Панчев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хејли Бибер за тешките месеци по породувањето: „Чувствував дека целиот живот ми се распаѓа“

Хејли Бибер отворено зборуваше за здравствените тешкотии по раѓањето на синот. Околу шест …