Буковите шуми на Длабока Река прогласени за светско природно богатство од страна на УНЕСКО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Буковите шуми на Длабока Река кои територијално спаѓаат во Националниот парк „Маврово“ беа признати од страна на УНЕСКО за светско транснационално природно богатство.

„Локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрена букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесе на вчерашната проширена 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).

Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк „Маврово“, а е изработена со поддршка на Институтот за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.