Вон Гитин во акција: Вака „дрифтаат“ 900 коњски сили на славната „Нирбургринг“ (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Професионалниот адреналински возач Вон Гитин Јуниор со „ѕверот“ Ford Mustang RTR кој располага со 900 коњски сили, направи неверојатен потфат поминувајќи ја целата должина на легендарната тркачка патека „Нирбургринг“ од 20,7 километри со „дрифтање“.

Од Ford Motorsport изјавија дека дрифтањето на култната тркачка патека е забрането, иако постојат документирани докази за делумни дрифтови. Според нив, Гитин е прв кој ја има извозено патеката по цела должина со „дрифтање“.

Вон Гитин за овој потфат изјави дека истиот бил „за добра забава, а не за време“. Машината која ја возеше на моменти имаше развиено брзина од 240 km/h.