Меланија Трамп откри дека го советува својот син Барон и за љубовниот живот. Во епизодата од нејзината нова документарна серија „МЕЛАНИЈА“ на Прајм видео, објавена во петокот, на 20 ноември, таа зборуваше за односот со својот 20-годишен син, кого го има со сопругот, претседателот Доналд Трамп.
„Секогаш ќе бидам тука за него. Разговараме многу отворено за животот. Секогаш ќе може да смета на мене. Така е сега и така ќе биде секогаш. Тој знае дека ми е приоритет и дека секогаш ќе остане тоа“, рече таа.
Поранешната манекенка се пошегува и на сметка на својот пристап кон родителството: „Јас сум многу кул мајка за Барон и постојано го потсетувам на тоа“.
На прашањето дали Барон планира да тргне по политичките стапки на татко му, Меланија одговори дека одлуката е негова.
„Мислам дека е многу важно да го живее животот што го сака и да го прави она што го усреќува. Не сакам да го контролирам. Тој има свое мислење, свој карактер и свои убедувања, а јас го почитувам тоа“, изјави таа.

Првата дама додаде дека Барон сепак се интересира за политиката и дека му помогнал на татко му да им се приближи на младите гласачи.
„Ја сака политиката. Му даде извонредни совети на татко му. Му кажа како да се поврзе со младите гласачи, со неговата генерација. Му посочи со кого треба да разговара. Го запозна со подкасти и со стримери“, рече Меланија.
И при јануарското гостување во емисијата „Утра со Марија“ на Фокс бизнис, таа нагласи дека добросостојбата на нејзиниот син ѝ е најважна.
„Треба постојано да бидете тука за своето дете, особено кога му требате, а особено на возраста на која е Барон“, рече таа.
Извор: US Weekly