Волксваген го менува логото – ќе биде „помалку германско“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Автомобилскиот баварски гигант Волксваген е во процес на длабочински промени кои од корен ќе го сменат водењето на бизнисот, но и самата слика на компанијата.

Пресуден фактор за овие промени беше аферата Dieselgate, најголема во историјата на Волксваген, но и една од најголемите во автомобилската индустрија на планетарно ниво. Dieselgate предизвика драстични промени во водењето на бизнисот, а потоа се надоврзаа и најновите трендови, особено онаа во врска со електрификацијата.

Но, тука гигантот VW ја виде својата шанса и одлучи дека речиси сите карти ќе ги стави на играта со електрификација. Да, Dieselgate го закопа Das Auto, но не и компанијата чиј бизнис о 2017 година покажа значително опоравување. TDI веќе нема да се споменува, но е присутен, а она за што се говори е I.D. семејството, кое наскоро ќе биде лансирано.

А за да се спреми за таа радикална промена, Волксваген е спремен на сè, па и да го промени имиџот на компанијата. Првиот човек за маркетинг на VW, Јохен Сенгпиел, вели дека Волксваген ќе го поправи својот имиџ така што ќе биде „помалку германски“.

„Брендот не е во добра состојба о споредба со претходните години“, вели тој, а една од причините е што сака да биде „премногу германски“, нешто што моделите на VW ги направи помалку привлечни, појаснува Сенгпиел.

„Мораме да бидеме пошаренолики, сакаме луѓето да се забавуваат со нас“, ги објаснува тој новите цели на автомобилскиот гигант за Bloomberg. Во својата мисија да им се приближи на муштериите, VW ќе биде поактивен на социјалните мрежи и дигиталната промоција. А токму маркетингот ќе биде пресуден во иднина, бидејќи Волксваген ќе мора да ја оправда повисоката цена на своите модели, но и да ги наговори потрошувачите да се префрлат на струја и да изберат некој од I.D. моделите.

А дека во Волксваген сериозно го мислат тоа покажува потврдувањето од Сенгпиел дека следната година ќе го променат и логото. Потсетуваме, последен пат Волксваген интервенираше во дизајнот на своето лого во 20120 година, давајќи му 3D ефект. Засега не е многу познато во врска со оваа промена, освен дека новото лого ќе биде прилагодено на електричните автомобили, но и на екраните од паметните телефони.