Нов конфликт меѓу Погба и Мурињо – Французинот не се поздрави со „Специјалниот“ (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го пофали Пол Погба за перформансите кои ги покажа против Борнмут синоќа, меѓутоа на тој меч настана ново недоразбирање меѓу нив двајцата.

Погба беше заменет во 80-та минута од мечот, па дојде до клупата за да се поздрави со дел од стручниот штаб. Французинот ги поздрави Мајкл Карик и Руи Фарија, но не му пушти рака на Мурињо.

Португалецот му аплаудираше на Погба, но фудбалерот откако се поздрави реши да тргне кон тунелот наместо да седне на клупата за резерви. Меѓутоа, останатите веднаш го корегираа и Французинот седна на местото посочено од Мурињо.

Пред два дена се појавија информации во англиските медиуми дека Мурињо го известил раководството дека Погба може да биде продаден ова лето.

Легендата на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс исто така мисли дека Погба може да замине ова лето: „Да, мислам дека може да биде продаден. Не сум разговарал со никој во клубот, но работите од надвор ми изгледаат така“.