Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започнува вакцинирањето против КОВИД-19 – денес ќе се вакцинираат 3.000 лица


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


А1 Арената односно салата „Борис Трајковски“ во Скопје е подготвена за денешниот почеток на масовната вакцинација против Ковид-19 со вакцината „Спутник V”. 3000 граѓани треба да ја примат првата доза од руската вакцина.

Во салата „Борис Трајковски“ претходно беше спроведена генерална проба за тоа како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.

Според информациите на македонските здравтвени власти за денеска се закажани термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник V“.

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.