Home Актуелно Денес ќе се промовира поштенската марка издадена по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Денес ќе се промовира поштенската марка издадена по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ќе промовира пригодна поштенска марка.

На промоцијата, која ќе се одржи во дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – шалтер сала, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Настанот, како што информираат организаторите, е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…