Во Романија се случуваат најмасовните демонстрации после уривањето на Чаушеску


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стотици илјади демомстранти протестираа во средата вечер во повеќе романски градови против одлуката на владата да ги декриминализира обвинетите за корупција што украле под 44.000 евра. Репортерите јавуваат дека ова се најголеми демонстрации од паѓањето на Николае Чаушеску и комунизмот во 1989 година до сега.

Само во главниот град Букурешт протестирале околу 150.000 луѓе кои на температури под нулата извикувале Оставка и Крадци. Во Букурешт дошло и до судир со полицијата која употребила солзавец. Има приведени и полесно повредени полицајци и демонстранти.

Протести има и во други градови, вклучително и Темишвар, каде што во 1989 година започна антикомунистичката револуција против Чаушеску. Таму на улица излегле 20.000 луѓе. Протести имало и во Клуж, Сибиу и Иаси.

Со таканаречениот итен декрет што Владата го усвои во вторникот, се декриминализираат одредени криминали и се ослободуваат од затвор сите што се осудени дека со корупција направиле штета за државата помала од 44.000 евра.

Најголем добитник од оваа декриминализација ќе биде претседателот на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа кој не можеше да стане премиер бидејќи е осуден на две години затвор условна казна поради изборни измами.