Во калта си најде „камче“ кое му го промени животот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Индиски сиромашен земјоделец буквално преку ноќ се збогувал со сиромаштијата и се збогатил откако на земјата што ја изнајмил пронашол дијамант од 14,98 карати.

Лакан Јадав (45) минатиот месец започнал да работи под наем на земјиште во Мадја Прадеш за околу 200 рупии (околу 2,7 долари), за наскоро во калта да најде светликаво камче вредно 6 милиони рупии (околу 80.000 долари) што ќе му ги промени животите нему и на неговите деца.

Јадав веќе се почастил со мотор, а исто така купил два хектари земја и два биволи со парите што ги добил како компензација по иселувањето од Националниот парк Пана, каде што се правел простор за резерват за тигри.

За „Times of India“, земјоделецот рече дека нема намера да си дозволи нешто големо, но планира да инвестира. „Јас не сум образована личност и ќе ги ставам пари на фиксен депозит за да се осигурам дека моите четири деца ќе добијат добро образование“, рече тој.

Тој вели дека планира да работи на земјиштето уште неколку месеци и можеби ќе го продолжи договорот за закуп. Покрај тоа, тој рече дека се надева дека ќе најде уште неколку дијаманти во областа каде што најмалку четири лица нашле скапоцени камења за само 10 дена.