Прво обраќање на Бучковски после неговата прва работна посета на Софија како олеснувач


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Владо Бучковски и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во Софија денес одржаа заедничка прес-конференција на која македонскиот претставник посочи дека е задоволен од конструктивниот разговор кој го имале, пренесува Фокус.

-Да го изразам своето задоволство за конструктивните разговори. Имавме повеќе од еден час те- та-тет средба, потоа заедно со нашиот државен секретар во министертвото Зоран Попов имавме отворени пријателски разговори. Убеден сум дека ја убедивме министерката Захариева и нејзиниот тим дека сме решителни во намерата да го имплементираме договорот за пријателство и соработка. Бараме инструменти ако тоа е патната карта, патоказот, верувам дека тоа ќе може да биде алатката каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот кој претстои.

Признаваме дека е нарушена довербата, јас го изразувам своето лично задоволство што пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме таа изгубена доверба. И се согласивме дека во периодот кој претстои време е многу повеќе да се фалиме со сработеното, со дела, отколку со празни зборови. И мојата задача ќе биде како човек кој ќе биде задолжен за координација за исполнувањето на договорот, но не и во делот на историјата. Историјата, заедничката историја, не можеме да ја промениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите во делот на инфраструктурата, капиталните објекти, посилната соработка во образованието и науката, во зближување на двата народа, рече Бучковски.