Home Актуелно Сив и облачен четврток

Сив и облачен четврток

Десеттиот декемвриски ден во Македонија носи облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната од 8 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, претежно облачно со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следниот период ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…