Џандарска работа: Купил автомобил од Бугарија и ја возел на одјавени таблици – завршил зад решетки


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Полицискиот службеник со иницијали М.С. заврши во притвор поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „давање лажен исказ“.

Како што соопшти МВР, полицискиот службеник откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано.

По документирање на случајот, до обвинителството поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран, а поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.