Во Хонг-Конг се испотепаа за тоалетна – ограбен камион кој превезувал WC хартија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера, рано изутрина по локално време, група вооружени разбојници украле стотици ролни тоалетна хартија во Хонг Конг, во вредност од околу 130 американски долари.

Напаѓачите го пресретнале доставувачот на тоалетна хартија и му се заканиле со нож пред супермаркетот Полицијата успеала да ги фати. Според нивниот извештај, разбојниците му се заканиле на испорачателот, кој потоа им ги подарил ролните тоалетна хартија. Разбојниците одзеле 600 ролни во вредност од околу 130 американски долари.

„Човекот за испорака добил закана од тројца мажи вооружени со ножеви, кои потоа однеле тоалетна хартија во вредност од 130 долари“, изјави портпаролот на полицијата.

Во моментов во Хонг Конг постои недостаток на тоалетна хартија поради панично купување производи предизвикано од страв од епидемијата на коронавирус. Низ Хонг Конг, луѓето пред продавниците чекаат во долги редови , а производите буквално исчезнуваат од рафтовите. И покрај ветувањата на владата дека храната и другите материјали за домаќинството ќе ги има во доволни количества , снабденоста со тоалетна хартија е слаба. Покрај тоалетна хартија, граѓаните на Хонг Конг масовно купуваат ориз, тестенини и производи за чистење. И скоро е невозможно да се добијат заштитни маски и нараквици.

Слична паника има и во Сингапур, каде се потврдени 75 случаи на инфекција со коронавирус.